Судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип се новите членови на Судскиот совет, по денешните избори. Изборите се спроведоа од 8 до 15 часот во сите судови низ земјата, а соопштението го даде претседателот на Комисијата за избори, Субхи Јакупи.
Аритон Ала беше единствениот кандидат од посебната листа и доби 253 гласа од 295 судии кои гласале, додека за изборот на член од апелациското подрачје Штип, Данка Ристова освои 27 гласа, победувајќи во конкуренција со четворица други кандидати.
Јакупи информираше дека изборите поминале без поголеми проблеми, а кандидатите имаат рок од 5 часа за приговори. Ако нема приговори, резултатите ќе бидат прогласени за конечни по 12 часа.