Македонија

Судиите нека пријават ако имаат притисоци од Судски совет, порача претседателот Георгиев

Судиите нека пријават ако имаат притисоци од Судски совет, порача претседателот Георгиев

За претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев податокот дека ниту судиите не веруваат во судскиот систем е алармантерн.

„Лично јас бев присутен на оваа трибина. Го слушав тоа. Тоа било за 2022 година. Тука беше наведено дека за некои влијанија од претседатели на судови, од повисоки судови, па и од членови. Сето ова е за мене податок на кој му давам значење.

Ги охрабрувам и повикувам судиите, кои биле анкетирани, пријавиле анонимно дека имале влијанија и притисоци од членови на Судски совет, претседатели на судови, слободно нека пријават. Како порака до колегите судии – ги охрабрувам дека таквата состојба е алармантна, се согласувам. И ако ја чувствуваат, има Обвинителство, слободно нека пријават“, рече Георгиев.

Најголем дел од 212 испитани судии и 83 обвинители, кои одговарале на анонимни прашалници од Мисијата на ОБСЕ со недоверба гледале кон Судскиот совет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни