Иван Џолев, претседателот на Кривичниот суд Скопје, го прифати барањето на судијката Оља Ристова за изземање од предметот „Титаник 3“ на СЈО.
-Постапувајќи по барање за изземање на судијата Оља Ристова од предметот со К.бр. 1905/17, офорем по обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, а означен како „Титаник 3“, поднесен лично од судијата, претседателот на Судот донесе решение со кое по извршениот увид во предметот и изјавата на судијата согласно член 36 ст. 1 и член 33 ст.2 од ЗКП го усвои барањето, се наведува во соопштението од Кривичен суд.