Македонија

Судир меѓу „Ауди“ и полициско возило на крстосница во Скопје – петмина повредени

Судир меѓу „Ауди“ и полициско возило на крстосница во Скопје – петмина повредени

На 18.06.2025 околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(54) од с.Марино, скопско и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР. 

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „ауди“, Б.Ј.(73) од с.Марино, скопско и возачот и двајца полициските службеници, сопатници во службеното возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни