Кривичниот суд не им определи мерка притвор на 4-цата осомничени кои не се во бегство откако вчера групата предводена од функционерот на ДУИ Беким Незири упадна во контролата на летање и нападна.
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против 4 лица кои вечерва беа спроведни во судот, а осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ, по произнесување на обвинителот и осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите четири лица им се опредлуваат мерки за претпазливост.
Односно, согласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува: Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, Одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за комуникација со оштетениот како и меѓусебна комуникација. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд.