Македонија

Судскиот совет утре ќе избира нов претседател

Судскиот совет утре ќе избира нов претседател

Судскиот совет утре ќе одржи седница за избор на нов претседател, откако поранешната претседателка Весна Дамева поднесе оставка пред еден месец. Изборот беше одложен поради потребата од комплетирање на составот со двајца нови членови од редот на судиите.

Претседателот и заменикот на Советот се избираат од членовите со право на глас, при што потребни се најмалку осум гласа. Советот брои 15 члена, од кои осум се избрани од редот на судиите, пет од Собранието, а по функција членови без право на глас се министерот за правда и претседателот на Врховниот суд.

Во декември минатата година, Советот беше дополнет со судиите Аритон Ала и Данка Ристова. Останатите членови се избирани во претходните години, вклучувајќи и тројца по предлог на Претседателот на државата.

Во декември, Парламентот изгласа негативен извештај за работата на Советот, што отвори прашања за можноста за разрешување на членовите избрани од Собранието.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни