Македонија

Бугарска компанија испрати компресивна облека за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Бугарска компанија испрати компресивна облека за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка со специјализирана компресивна облека наменета за настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Облеката беше испратена од бугарската компанија Health2000, специјализирана за медицински помагала, пренесе БГНЕС.

Заедно со пратката, во Кочани пристигнаа медицински експерти од Бугарија, како и претставници на компанијата Juzo од Германија и Холандија. Тие одржаа обука за правилна употреба на компресивната облека, која е клучен дел од процесот на рехабилитација кај лица со тешки изгореници и трансплантирана кожа.

„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на првата пратка, која изнесува 923.458 денари, благодарение на донации од граѓани и компании. Организацијата соопшти дека веќе се обезбедени средства и за вториот круг на облека и јавно им се заблагодари на сите што несебично помогнаа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни