Македонија

Сведокот за случајот со Вања и Панче, Гоце Трајковски, во бегство поради ново кривично дело

Сведокот за случајот со Вања и Панче, Гоце Трајковски, во бегство поради ново кривично дело

„Сведокот Гоце е осомничен за друго кривично дело, и тој е недостапен за обвинителството“.

Ова го изјавија од Јавното обвинителство денеска на брифинг на прашање на ТВ21 за убиството на Вања и на Панче. Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за исчезнувањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, извршил палење на објект во Кисела Вода.

„Во однос на сведокот Гоце тој е осомничен и за друго тешко кривично дело и во моментов тој е недостапен. Осомничен е за палење на објект во кој над објектот живеат станари, станува збор за тешко дело, каде две лица соизвршители се во притвор. Тоа се случило на 13-ти ноември и има соопштение за опожарено кафуле во Кисела Вода“, рече Гаврил Бубевски.

Станува збор за опожарениот угостителски објект – кафуле на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода кој на 13 ноември, околу 3 часот наутро, тројцата со пожар предизвикале имотна штета од поголема вредност во износ од околу 450 илјади денари. Со оглед на тоа што кафулето е лоцирано во поголема станбена зграда, постоела опасност тие со пожарот да предизвикаат и значителна опасност за животот и телото на станарите.

ТВ21 дознава дека Гоце Трајковски е во бегство. Исто така дознаваме дека тој при предизвикување на пожарот се самозапалил, но минал само со ситни изгореници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни