Светата маченичка Гликерија е ќерка на еден гувернер на Рим. По заминувањето на татко ѝ, осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија.
Во времето на нечестивиот цар Антонин Гликерија беше изведена да му принесе жтва на идолот на Диј. Таа си нацрта крст на челото, па кога царскиот намесник ја запраша каде е нејзината лампада (зашто сите носеа лампади во рацете), Гликерија го покажа крстот на челото и рече: „Ова е мојата лампада“. На нејзината молитва гром удри во идолот и го искрши на парчиња.
Намесникот се разгневи и нареди да ја затворат. Ги запечати затворските врати. Меѓутоа, на Гликерија ѝ се јавуваше Ангел Божји и ѝ даваше небесна храна,
Во многу краеви од регионот, вообичаено е да не се подготвува или јаде месо на овој ден, бидејќи се верува дека со тоа се спречува болеста.
Денес, исто така, се избегнува да се запали оган во попладневните часови, а во селата не се ложат печки , ниту се палат свеќи.
