Секторот за внатрешни работи Охрид информира за неколку инциденти и интервенции што биле регистрирани на 28 декември 2024 година, при што се преземени соодветни мерки и се најавени кривични пријави против инволвираните лица.
- Закани кон ловочувар во Велешта
Во 12:45 часот, полициските службеници од полициското одделение во Велешта одзеле ловна пушка и дозвола од А.Н. (30) од селото Боровец. Тој, заедно со уште три лица, бил затекнат во атарот на селото Нерези, каде што упатил закани по живот кон ловочуварот К.Ч. (47) од Вевчани, вработен во „Црн Камен“. По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. - Приведување за агресивно однесување во Струга
Во 12:30 часот на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, приведен е Џ.П. (50) од Биџево поради агресивно однесување кон полициските службеници при извршување на нивните должности. Против него ќе биде поднесена кривична пријава. - Нелегален истовар на дрва во Лабуништа
Во 17:20 часот во селото Лабуништа, полициските службеници го затекнале М.С. при нелегален истовар на дрва од товарно возило без соодветна документација. Случајот е предаден на Шумската полиција за понатамошно постапување. - Физички напад во Ново село, Дебрца
Во 16:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека едно лице физички го нападнало С.Н. (53) од селото Црвена Вода во Ново село, општина Дебрца. Се преземаат активности за целосно расветлување на случајот, по што ќе следува пријава. - Инцидент во угостителски објект во Охрид
Во 22:00 часот на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е Т.Б. (35) од Охрид. Тој, со остар предмет во рака, упатувал закани кон сопственикот на угостителскиот објект. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава.
СВР Охрид најавува дека сите случаи ќе бидат целосно документирани и процесирани со соодветни пријави до надлежните институции.