Македонија

СВР Тетово со апел до дојденците: Зголемен е ризикот од несреќи во лето, како последица од пребрзо возење, непрописно престигнување…

СВР Тетово со апел до дојденците: Зголемен е ризикот од несреќи во лето, како последица од пребрзо возење, непрописно престигнување…

Во рамките на засилените сообраќајно-контролни активности што во континуитет ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (20 јуни) од 9 до 14 часот беше реализирана акција за првенство на минување. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 11 прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-4).

Најголемиот број од нив (7) се однесувале на непропуштање на возило кое се движи по пат што е означен со сообраќаен знак како пат со првенство на минување (ТЕ-3 и ГВ-4).На прекршителите изготвени им се поднесоци и зависно од видот на прекршокот тие ќе се соочат со парични глоби од 45 до 300 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 19 други видови сообраќајни прекршоци( ТЕ-16 и ГВ-3).

АПЕЛ ОД СВР ТЕТОВО

Со оглед дека претстои зголемена сообраќајна фрекфренција во поширокиот Полошки регион, пред се како резултат на новата туристичка сезона и скорешното доаѓање на поголем број времено вработени од странство, Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите максимално да ги почитуваат сите сообраќајни знаци, правила и прописи и непосредно да придонесат во напорите за поголема безбедност на патиштата и улиците, без загинати и повредени лица.

Ова, дотолку повеќе што во летните месеци значително зголемен е ризикот од несреќи, најчесто како последица од пребрзо возење, непрописно престигнување или техничка неисправност на возилата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни