На заедничката прес-конференција на италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, Тајани вели „сакаме да го зголемиме присуството на италијанските претприемачи“.
-Со министерот ќе се сретнеме повторно во Њујорк на средбата „Пријатели на Западен Балкан“. Тоа е показател дека Италија верува во регионот и силно го поддржува. Северна Македонија е многу важна, земја пријател на Италија. Сакаме да го зголемиме присуството на италијанските претприемачи. Пред да слетам се сретнав во претприемачи кои сакаат да инвестираат во Северна Македонија и им кажав дека има многу можности за инвестирање и дека оваа Влада, сака и ќе ги поддржи инвеститорите. Одлучуваме да организираме средба за Коридорот 8. Ќе видиме до крајот на годината да отвориме дискусија со Северна Македонија, Бугарија и Албанија, за да се забрза економскиот развој и развојот на внатрешниот пазар, изјави Тајани.