Македонија

Тајната на среќата е во кретивноста и уникатноста

Тајната на среќата е во кретивноста и уникатноста

Креативноста е најпосакувана вештина на пазарот во труд во изминативе неколку години. Таа е посакувана во уметноста, науката, маркетингот, изумите, интернетот.

Секоја професија, секое поле и секој аспект од животот има корист од креативноста. Да се ​​биде креативен не значи само да се има вештина за уметност. Негативноста знае да биде непријател на креативноста, вели Лидија А. Синадинова која долги години работи во медиумите па додава дека креативноста е навика, а најдобрата креативност е резултат на добрите работни навики. Нејзината пасија последните неколку години е врзана за плетењето. Изработува најразлични видови на украси и подароци кои се несекојдневни и не можат да се најдат на пазарот.

„ Желбата за уникатност при создавање на рачно изработени предмети се појави од многу одамна. Куклите се само еден дел од мојата рачна изработка, работени се од памучен конец, се е рачна изработка и се идеални за подарок. При нивната изработка се фокусирам на барањата на лужето кои што трагаат по уникатност и впечатливост, во однос на комбинирањето на боите. Креативноста е одраз и на долгоогодишната работа во медиуми.”-вели Лидија А. Синадинова

Доколку сте трагачи по уникатни подароци,и доколку сакате да изнудите позитивност кај вашите блиски роднини или пријатели ова е контактот каде може да ги нарачате вашите посакувани рачно изработени подароци и украси на следниот инстаграм профил: @_lidan.handmade_

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни