Македонија

„Танец“: 75 години чување и промоција на македонската традиција и идентитет

„Танец“: 75 години чување и промоција на македонската традиција и идентитет

Националната установа – Ансамблот за народни игри и песни „Танец„ слави 75 години од своето постоење.

Оваа институција не е само ансамбл, туку вистински чувар на нашата традиција и идентитет. Секој танец и песна се одраз на нашата историја, нашите радости и болки, и секогаш нè поврзуваат со корените од кои потекнуваме. Синоќа во Македонската опера и балет не се одржа само концерт, туку и патување низ времето, исполнето со емоции и гордост за тоа што сме.

Се надевам на понатамошен растеж на ансамблот, и би сакал да го изразам моето уверување дека и во иднина „Танец“ ќе биде врвен промотор на Македонија, преку кој ќе ја прославуваме македонската култура и традиција, нашето минато, сегашност но и иднина.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни