Македонија

Таравари ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул

Таравари ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул

Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, заедно со претставници од Конзулатот на Северна Македонија во Истанбул, денеска ја посети болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се згрижени двајца млади повредени во трагичниот настан во Кочани.

Во оваа болница првично биле примени шест пациенти, од кои четворица сега се пуштени на домашно лекување откако им се подобрила здравствената состојба. Двајцата преостанати пациенти, Мартин и Борис, се во стабилна состојба и продолжуваат со закрепнувањето.

За време на посетата, Таравари се сретна и со родителите на пациентите, изразувајќи поддршка и солидарност во овие тешки моменти. Тој изрази посебна благодарност до д-р Мустафа Туран и конзулот на Северна Македонија во Истанбул, Идриз Фазлиоски, за покажаната грижа и посветеност. “Свежата болка на Кочани е донекаде ублажена од Мартин и Борис, кои се подобри и наскоро ќе ги пречекаме дома. Ви благодариме, драга Турција, за целата грижа и гостопримство“, нагласи Таравари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни