Македонија

Таравари: Има информации за пронајдена мала концетрација на формалдехид во салите на Клинички центар

Таравари: Има информации за пронајдена мала концетрација на формалдехид во салите на Клинички центар

Арбен Таравари, министерот за здравство денес во изјава за медиуми кажа дека има информации за мала концетрација на формалдехид во операционите сали во Клиничкиот центар.

„Има одредени информации дека е пронајдена мала концентрација на формалдехид во операционите сали во Клиничкиот центар во Скопје, меѓутоа официјално сè уште немам ништо добиено. Веќе работиме на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација. Се надевам што поскоро да го решиме овој проблем и да не зборуваме веќе за вакви теми, коишто се непријатни и неубави за сите граѓани, бидејќи создаваат ситуација на несигурност кај пациентите, рече Таравари.

Засега, како што рече, функционираат повеќе од половина хируршки сали во Клиничкиот центар и летниот период ќе се менаџира ситуацијата со „8 Септември“ и Градска болница „Св. Наум Охридски“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни