Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од делегацијата на Македонија во Њујорк на Генералното собрание на ОН, даде интервју за РТВ21.
Запрашан како е соработката во Владата, Таравари рече дека е извонредна и дека имаат одлични резултати, насочувајќи ги проблемите кон опозицијата која, според него, е токсична и се обидува да ја дефокусира јавноста.
„Соработката е коректна и резултатите се извонредни, но за жал имаме токсична опозиција која постојано се обидува да го дефокусира мислењето и да ги врати проблемите кои ни ги оставија во наследство. Впрочем, овие 100 дена повеќе бевме зафатени да реагираме кај опозицијата, отколку да ги промовираме резултатите“, рече Таравари.