Македонија

Таравари ја разреши Каролина Симоновска, еве која е новата директорка!

Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа.

Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија.

Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.

Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни