Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека за случајот со починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување.
Како што вели, тој не го видел извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).
„Сите сме потенцијални пациенти. На сите може да ни се случува. За среќа во Македонија имаме три клиники каде што се работат вакви операции, меѓу кои, државната и две приватни. Дајте ми да го видам извештајот од ДСЗИ, одговорност секако ќе има доколку имало пропуст или грешка“, одговори Таравари.