Македонија

Таравари: Нема лекарска грешка за смртта на пациентката, третирана е според протоколи

Таравари: Нема лекарска грешка за смртта на пациентката, третирана е според протоколи

Министерот за здравство, Арбен Таравари за пациентката која не била примена на Инфективна клиника иако имало Ковид по што починала рече дека „нема лекарска грешка, третирана е според протоколи“. Според Таравари, мора да се реновира, а пациентката на 48-години не починала поради нехоспитализирањето.

„Причината за смртта сигурен сум дека не е реновирањето на Инфективна клиника. Се работи за случај со акутна леукемија. Тоа е сериозна болест, која има обично лоша прогноза. Пациентката е третирана на Хематологија по сите протоколи. Пациентката е 47-годишна, во петта декада. И во меѓувреме е инфицирана од Сарс-Ков-2, што е нормлано, го поминвуваме сите, нормална инфекција. За пациентката е повикан и консултиран и инфектолог, и анестезиолог. Дадена е соодветна терапија. Треба да знаеме од што починала. Добила повторно терапија деновиве. Така што, дајте да добиеме дефинитивни податоци“, рече Таравари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни