Девет нови генерики се на новата позитивна листа на лекови, објави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Според Таравари, за оваа иницијатива биле ангажирани експерти во оваа област, кои работеле на законските измени и донесување на нов правилник за ставање на новите лекови на позитивна листа.
„Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава. Значи, девет генерики што во нашата држава се претставени преку 87 лекови. Со ова надополнување на позитивната листа се опфатени лекови за висок притисок, за срцеви заболувања, антилипемици, антиагреганси, лекови за третман на депресија, како и лекот што многу често се користи кај деменции“,рече Таравари.
Според него, ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа. Тој ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со нивните апликации за ставање нови лекови на позитивната листа.

