АА ја обвинува владата дека ги напаѓа општините предводени од оваа партија. Генералниот секретар на АА, Арбен Таравари вели дека градоначалниците на општините предвоени од АА секој ден се соочуваат со брутални напади од Владата, нешто што Таравари го нарекува политичка одмазда, противзаконска агресија.
„Скоро нема ден владините институции да не ја претресат на брутален начин локалната самоуправа во Гостивар, Врапчиште и Боговиње. Инспекции во образование, Финансиска полиција, Организиран криминал, човек добива впечаток дека целиот криминал во Македонија е во Пологот на Алијанса за Албанците“, истакна Арбен Таравари.
Инаку Таравари им испрати порака на СДСМ и ДУИ.
Сериозни обвиненија до Владата Заев 2 упати и македонската опозиција.
Опозицијата не се согласува со идејата на претседателот на Собрание, Талат Џафери, за Онлајн Собрание, велат дека ова е обид да се замолчи опозицијата на дискусиите водени на седниците. Од власта со став дека ова е потребно во случај некој од пратениците да се зарази со Ковид-19 или ако треба да оди во изолација.
.
