Македонија

Таравари се повлече од градоначалник на Гостивар

Таравари се повлече од градоначалник на Гостивар

На својот фејсбук профил Арбен Таравари напиша дека „ова е едно од најпосебните писма во неговата кариера бидејќи e посветено на Гостивар и гостиварци, градот во кој е роден, израснат и на чија земја почива неговиот покоен татко“.

-Ја имав големата привилегија да бидам силно поддржан од вас за да бидам градоначалник на овој град во два последователни мандати. Под слоганот Гостивар Прв, продолживме да работиме до сега кога ги пишувам овие редови со истиот мотив. Но, сега решив да се повлечам од оваа функција! Сакам да му се заблагодарам на мојот тим, на сите што работеа покрај мене со посветеност, напиша Таравари.

Таравари продолжува како министер за здравство во новата Влада.

На местото на Таравар како претседател на Гостивар ќе седне Валбон Лимани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни