Македонија

Таравари в понеделник ќе седне на министерската фотелја и ќе ги разреши економските директори!

Таравари в понеделник ќе седне на министерската фотелја и ќе ги разреши економските директори!

Арбен Таравари, предложен за нов министер од редовите на Вреди, денеска најави дека прво што ќе направи во понеделник е разрешувањето на економските директори.

Според него, тие се вршители на должност и тие ќе ги тргне уште на неговиот прв работен ден како министер, а за останатите ќе поднесе закон до Собранието.

„Понеделник ако ја преземам функцијата 90% од економските директори кои се в.д. ќе бидат веднаш разрешени, освен тие што имаат решенија. Ќе имаме веднаш предлог за закон до парламентот за да се смени законот и да не постојат веќе економски директори“, вели Таравари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни