Македонија

ТАВ Македонија: Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови

ТАВ Македонија: Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, ја известува јавноста дека сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови.

„Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи.

Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите.

Сепак, ги советуваме и апелираме до сите патници да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која резервирале авиобилет.

Сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин и  се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на нашите патници на најдобар можен начин“, велат од ТАВ Македонија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни