Тажна вест од Илинден: Ненадејно почина наставничката Ивана Тушевска

Основното училиште „Гоце Делчев“ од Илинден вчера ја извести јавноста за ненадејната смрт на нивната млада и почитувана колешка и наставничка, Ивана Тушевска.

„Со длабока тага и жал во душата Ве информираме дека нашата млада, почитувана и сакана колешка и наставничка Ивана Тушевска вчера почина ненадејно. Изразуваме длабоко и искрено сочувство до семејството, родителите, роднините и сите кои ја познаваа, соработуваа и почитуваа Ивана. Вечна слава, драга наша колешка. Остави белег вечно да те паметиме. Мирно небо… Почивај во мир,“ се вели во пораката на колегите.

Според полицискиот билтен, на 3 јули 2025 година во 20:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во приватна здравствена установа во село Кадино, скопско, починала И.Т. (36) од населбата Илинден. Лекарите ја констатирале смртта без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.