Македонија

Температурите значително ќе опаднат: Еве кога ни доаѓа снег!

Температурите значително ќе опаднат: Еве кога ни доаѓа снег!

До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи.

Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.

Во Скопје, до недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени  врнежи од дожд со променлив интензитет. Во сабота во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за ретки грмежи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни