Секретарот на организацијата Цар Борис Трети, охриѓанецот Христијан Пендиков (21) всушност се степал со тројца свои сограѓани поради претходни лични недоразбирања, пишува Фокус.
Иако во јавноста овој случај предизвика остри реакции, но и протестна нота од Бугарија, сепак Фокус пишува дека според нивни сознанија, натепаниот Пендиков седел во ресторан на кеј Македонија, кога таму влегле три лица од Охрид, со кои во минатото имал недоразбирања, и тој започнал да им дофрла навредливи зборови.
Според извори на порталот, најверојатно и тој, но и лицата кои се степале со него биле под дејство на алкохол, но не станувало збор за тепачка поради неговата бугарска самосвест или политика, туку поради приватни настани од минатото.
Инаку, како што раскажуваат охриѓани, секретарот бил познат во градот како личност која и во минатото имала проблеми со законот.
Целата сторија ТУКА!