Свет

Терористички напад во Стразбур – две лица загинаа, 11 повредени

Две лица загинаа, а најмалку 11 се повредени во терористичкиот напад кој доцна вечерва се случи во францускиот град Стразбур.

Според првичните информации, напаѓачот веќе го идентификувала полицијата, но од таму велат дека се уште е во бегство.

Во моментот на нападот, во градот Стразбур се одржувал Божиќен пазар, при што повредени се повеќе од 11 лица, а две лица загинаа.

Член на Европскиот парламент вели дека зградата на ова тело е итно затворена и бил реализиран протоколот за итно случаеви.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни