Македонија

Тешка несреќа на скопската обиколница: Загина 63-годишен маж

Тешка несреќа на скопската обиколница: Загина 63-годишен маж

На 31.01.2025 околу 07.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот- обиколница на град Скопје, во близина на клучка Орман, патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.В.(63) од Тетово, излетало надвор од коловозот.

На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни