Тешка несреќа во Србија: Двајца загинати, повеќе повредени во судир на автобуси

Две лица го загубија животот, а неколку други се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово на Обреновачкиот пат, меѓу Умка и Остружница, во судир на два автобуса.

Според информациите од Итната медицинска помош, животот го загубиле маж на возраст од околу 30 години и жена на возраст од околу 40 години. Десет лица се пренесени во болница со тешки трауми, додека уште 14 лица се здобиле со полесни повреди.

На местото на несреќата биле испратени седум екипи на Брза помош, потврдија за Еуроњуз Србија.

Првичните информации на Танјуг наведоа дека најмалку 15 лица се повредени во судирот, а точната бројка беше утврдена подоцна.

Од Министерството за внатрешни работи на Србија информираа дека несреќата се случила рано утрово, околу 6:20 часот.

Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.