Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Охрид-Ботун, при што едно возило излетало од патот и завршило во реката.
Се стравува дека има загинати, но засега не е познато. Надлежните служби се на терен и вршат увид, а спасувачките екипи работат на извлекување на возилото од водата.
Причините за несреќата сè уште не се познати. Повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата и увидот од страна на полицијата.