Македонија

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа утрово кај „Три чешми“ на патот Штип-Миладиновци

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа утрово кај „Три чешми“ на патот Штип-Миладиновци

Во тешката сообраќајка која се случила на автопатот Миладиновци-Штип, загинал возач на автомобил со гевгелиски регистарски ознаки.

Ова од МВР го потврдуваат за „Макфакс“ и додаваат дека увидот е во тек, а сообраќајката е пријавена изутринава пред 6 часот.

Првичните информации со кои располага полицијата се дека се судриле товарно возило „Ман“ кое имало косовски ознаки и патничко возило „голф“, чиј возач, загинал на лице место што било констатирано од екипа на Брза помош.

Автопатот беше затворен за сообраќај известија и од АМСМ.

МВР по увидот, ќе излезе и со повеќе информации во јавноста.

Се утврдува причината за несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни