Македонија

Тешко повреден пожарникар кој паднал од четирицикл при гаснење на пожар во Бразда

Тешко повреден пожарникар кој паднал од четирицикл при гаснење на пожар во Бразда

Четириесет и осумгодишен пожарникар од скопското село Средно Коњаре паднал од четирицикл и се повредил додека гаснел пожар на местото викано „Жејковац“ во атар на село Бразда.

Инцидентот бил пријавен вчера во 10.10 часот во СВР Скопје, а повредениот Б.И. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако паднал од четирицикл.

„Според пријавеното, додека се превезувал со четрицикл, управуван од волонтер, од една на друга локација со цел преземање на мерки за гасење на пожарот, паднал и се здобил со повредите, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош“, информираат од МВР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни