Македонија

Тетовец го тепал соседот, а и го ранил со нож – во нападот учествувала и сопругата

Тетовец го тепал соседот, а и го ранил со нож – во нападот учествувала и сопругата

Вчера (14 мај) во 15 часот и 55 минути во СВР Тетово повикан е 34-годишниот тетовец К.М. кој претходно бил пријавен од 34-годишниот тетовец З.Х., инаку негов сосед, дека околу 15 часот на улица „Питу Гули“ во Тетово физички го нападнал.

Според пријавеното, во нападот во кој учествувала и неговата сопруга, К.М. употребил и остар предмет и го повредил.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово, а пронајден и одземен му е и остриот предмет за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни