Македонија

Тетовец приведен поради палење сува трева и отпад на нива

Тетовец приведен поради палење сува трева и отпад на нива

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(74) од с Мала Речица, тетовско.

Тој околу 20 часот на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и при тоа на три места во нивата запалил сува трева и отпадоци.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода С.С., а огнот бил изгаснат од страна на ТППЕ Тетово.

С.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 288 од КЗ ,,предизвикување општа опасност“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни