Македонија

Тетовец загина откако во него удри автомобил додека управувал велосипед

Тетовец загина откако во него удри автомобил додека управувал велосипед

На 18.07.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на улица „Љубо Божиновски Пиш“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“  со тетовски регистерски таблици управувано од Т.И.(42) од Тетово, кое удрило во велосипед управуван од С.С.(68) од Тетово.

Во незгодата С.С. се здобил тешки телесни повреди се констатирани во Клиничка болница Тетово.

Истиот е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им подлегнал на повредите и починал.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово, а за настанот е известен Јавен обвинител при ОЈО Тетово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни