Македонија

Тетово, Гостивар, Желино и Чаир се согласија, ќе ја финансираат албанската Академија на наука и уметност!

Тетово, Гостивар, Желино и Чаир се согласија, ќе ја финансираат албанската Академија на наука и уметност!

Градоначалниците на Општините Тетово, Гостивар, Желино и Чаир се согласија да обезбедат финансиска поддршка за албанската Академијата за наука и уметност во Македонија до моментот кога таа ќе добие државна помош.

Состанокот, кој се одржа во Општина Тетово, вклучуваше и претставници од Здружението за наука и уметност – Тетово, кое стреми да се трансформира во Академија, како и претседателите на Советите од овие четири општини.

„На овој состанок постигнавме договор за заедничка поддршка на проектот од сите четири општини. Заедно со професорите и академиците ќе работиме на формализирање на правното решение. Не би сакал сега да откривам детали, бидејќи тоа треба да произлезе од поширока општествена и политичка дебата за да се најде најдоброто решение“, изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Според него, неопходноста за создавање на Албанската академија е инертноста на МАНУ за реформи кои треба да ја одразуваат фактичката состојба, а не се случуваат веќе 57 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни