Македонија

Тетовската полиција поднесе кривична пријава, краделе од мртов човек

Тетовската полиција поднесе кривична пријава, краделе од мртов човек

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(26) од Република Албанија, со живеалиште во с.Врапчиште и Х.З.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 14.12.2022 во угостителски објект во Тетово, пријавените го забележале Т.Л.М.(71) од с.Вешала, на кој му се слошило и го однеле во Клиничка болница Тетово, каде починал.

Притоа, пријавените лажно се претставиле како негови роднини и од него одзеле пари, лични документи и два мобилни телефони и се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000 денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни