Францускиот претседател Емануел Макрон ненадејно го распушти францускиот парламент и распиша предвремени избори откако неговата партија беше тешко претепана на европските избори. Изборите ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули.
Обраќајќи и се на француската јавност преку видео порака објавена на социјалните мрежи, Макрон рече дека е невозможно да се преправаме дека ништо не се случило. Тој тврди дека резултатот од европските избори не е добар за неговата влада и додаде дека подемот на националистите е опасен за Франција и Европа.
Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен ја поздрави неговата одлука да распише предвремени избори
Adresse aux Français. https://t.co/sqVqfH3gXy
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) June 9, 2024