Поранешната сопруга на сега веќе екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски се обрати преку Фејсбук откако тој поднесе оставка и притоа рече дека ќе се посвети на семејството.
Мери Ковачевска Димовска напиша дека тој одамна го напуштил семејството.
„На кое семејство ќе му се посвети??? На децата кои се возрасни и последните 15 год ги гледаше по 2 часа во неделата…Официјално разведен на 6 март 2023год… Татко не можиш да се правиш на 27 и 21 годишна возраст,татко си цел живот… Твојте лазни филмови рекламирај ги на друго место,а не по сите портали…Ти одамна го напушти оваа семејство…“, напиша Мери Ковачевска Димовска.
Статусот на Фејсбук првично беше приватен, а потоа се промени во јавно достапен статус.