Македонија

Тимот на бТВ повеќе не е „закана за националната безбедност на Македонија“

Тимот на бТВ повеќе не е „закана за националната безбедност на Македонија“

Водителот на bTV, Иван Георгиев и тимот повторно се обидоа да влезат во Северна Македонија и денеска успеаа.

Пред неполни 24 часа им беше забранет влезот со образложение дека претставуваат „опасност за јавниот ред и безбедност на Република Северна Македонија“.

На граничниот премин Гуешево-Деве Баир денеска состојбата е мирна. Иван Георгиев објасни дека македонските цариници и гранични службеници биле исклучително љубезни, за разлика од вчера, кога имаше тензија на границата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни