Пронајдени се тројцата македонски државјани за кои се пишуваше дека исчензале

Не се точни информациите кои ги објави ТВ21 дека тројца македонски државјани се изгубени во Грција, а притоа во нивните соби има крв.

Тројцата млади самоволно го напуштиле Кавос уште пред три дена и биле живи и здрави, притоа ја известиле агенцијата преку која патувале, но очигледно комуникацијата со водичот на групата била проблем.

Инаку од македонскиот конзулат потврдија, по контактите со грчката полиција дека немало пријавено случај за исчезнување на лица од Македонија , кои летуваат во Грција.

Претходно ТВ21 информираше дека во Грција три лица македонски државјани биле исчезнати.