Македонија

Томовски: Стојам на тврдењето дека Талат Џафери го злоупотребил владиниот авион, пилотите можат да потврдат

Томовски: Стојам на тврдењето дека Талат Џафери го злоупотребил владиниот авион, пилотите можат да потврдат

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ уште еднаш јавно го повтори своето обвинување за злоупотреба на владиниот авион од страна на поранешниот премиер и претседател на Собранието, Талат Џафери. Томовски нагласи дека неговите тврдења не се само политички зборови, туку зад нив стојат и сведоштва од професионалниот кадар.

Тој остро ги критикуваше кадрите на ДУИ, посочувајќи дека не е изненаден од нивните изјави и од начинот на кој се обидуваат да се одбранат во јавноста.

„Секојдневно сме сведоци со какви кадри располага таа политичка партија (ДУИ), така што воопшто не ме чуди изјавата која ја даде Талат Џафери. Јас тоа најодговорно го тврдам, а тука ми се и пилотите, тука е и екипажот, како и луѓето кои можат да потврдат дека тоа навистина било така. Знаеме како функционираат овие политичари, а гледаме и сега како функционираат нивните ‘испостави’ од јавни обвинители“, изјави Томовски.

Директорот на СОЗР децидно порача дека нема намера да отстапи од своите првични тврдења и дека институционалната вистина за овој случај е непобитна.

„Тоа што сум го кажал тогаш, стојам на истото и денес – дека се вршело злоупотреба и дека Талат Џафери ја извршил таа злоупотреба“, заклучи Томовски во „Ноќно студио“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни