Тоше воопшто не почувствувал болка, патологот потврди дека смртта била моментна без страдање

,,Тоше воопшто не почувствувал болка. Патологот потврди дека смртта била моментна. При транспортот до болницата неговото срце кратко време работело, а потоа, за жал, престанало да чука,, – со тага се присетува д-р Тереза ГргиќД-р Гргиќ која била дел од тимот што ги организирал приемот, прегледот и испраќањето на телото на Тоше, со тага се сеќава на утрото – 16 октомври пред 5 години.

– Тето, се случи страшна несреќа, загина Тоше Проески. На радио велат дека е донесен во болницата во Нова Градишка, кај тебе. Тоа е она прекрасно македонско момче, кое пее фантастично – возбудено и соопштил внукот во телефонски разговор утрото на 16 откромври.

Гласот му трепереше, се сеќава д-р Гргиќ.

– Само што го завршивме разговорот, заѕвони телефонот во ординацијата. Ме повикаа во итната медицинска помош со зборовите „имаме тело на покојник, кој настрада во сообраќајка“. Kој загина, ги прашав. Ми одговорија – Тоше Проески.

Вака цитологот д-р Тереза Гргиќ ја почнува приказната за утрото на 16 октомври пред пет години, кога била дел од тимот што ги организирал приемот, прегледот и испраќањето на телото на Тоше.

Обдукцијата констатирала целебрална смрт по која срцето кратко продолжува да чука.

– Тоше воопшто не почувствувал болка. Патологот потврди дека смртта била моментна. Тој млад човек не страдал. При транспортот до болницата неговото срце кратко време работело, а потоа, за жал, престанало да чука – со тага се присетува таа.

Хеликоптерот од Македонија, кој требало да го преземе телото на Тоше не можел да слета на болничкиот хелиодром, кој веќе бил подготвен.- Kога слушнавме колку е голем хеликоптерот, рекоа – не може овде да слета, од детонацијата ќе пукнат прозорците, ампулите, епруветите, на новородените деца ќе им пукнат ушните тапанчиња… Д-р Гргиќ побарала друга локација за слетување на хеликоптерот.

Единствената опција бил стадионот. Пожарникарите и другите екипи се упатиле таму да најдат начин да го осветлат. Kога стигнале на самото место, сфатиле дека нема потреба од дополнително осветлување. Околу стадионот веќе имало повеќе од пет илјади луѓе со свеќи во рацете. Искористиле само една црвена ракета за да го означат местото на слетување на хеликоптерот.

Денес, на петнаесет годишнината од смртта на Тоше, сите жители ќе се упатат кон стадионот од каде што го испратија, а на градското радио постојано ќе се пуштаат негови песни.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното