Македонија

Тошковски: Апликанти коишто не исполнувале услови добивале дозволи за оружје

Тошковски: Апликанти коишто не исполнувале услови добивале дозволи за оружје

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција изјави дека до него и неговиот кабинет пристигнале претставки од граѓани во врска со начинот на кој во МВР се спроведувале постапките за издавање дозволи за поседување оружје.

„По извршена темелна истрага од страна на Комисија која спроведе ревизија за претставките, се констатираше дека кај огромен број на предмети, над 5.000 предмети не било постапувано во минатото, а притоа, голем број предмети кадешто апликантите не исполнувале услови им била давана дозвола за оружје“, рече Тошковски.

Тошковски објасни дека селективно се постапувало само за предмети за кои интерес имал конкретен полициски функционер да даде наредба, а тоа не се правело хронолошки. Вториот проблем, рече Тошковски, се однесува на конкретни лица кои не посадувале законски услови кога им биле давани дозволите.

Министерот најави дека во наредниот период ќе следат и кривични пријави за оние за кои постојат докази дека сториле кривично дело.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни