Македонија

Тошковски до Груби: Да се врати и да покаже малку чесност и одговорност кон државата која го ранела 40 години

Тошковски до Груби: Да се врати и да покаже малку чесност и одговорност кон државата која го ранела 40 години

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Собранието на седница за пратенички прашања зборуваше за бегството на Артан Груби од земјава.

Тој рече дека засега е поднесена кривична пријава само против едно лице од ГП Долно Блаце, и дека случајот ќе се истражува, односно дали лицето намерно или случајно сторил грешка во пропуштањето на Груби, иако бил на СТОП листата.

Тошковски ги отфрли обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ има договор за пуштањето на поранешниот вицепремиер.

„Од аспект на обвинувањата дека предметното лице е пуштено во договор со ВМРО-ДПМНЕ, прво така што ми текнува на една изјава на истото лице кое пред неколку години велеше: „Е од денеска сме едно со СДСМ, не велеше дека е едно со ВМРО-ДПМНЕ“. Говореше дека е чист како солза и дека ќе се врати. Јас го повикувам да покаже малку чесност и одговорност кон државата која го ранела 40 години и да се врати“, рече Тошковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни