Македонија

Тошковски: Достапноста на дрогата по нашите улици и градови достигна алармантно ниво

Тошковски: Достапноста на дрогата по нашите улици и градови достигна алармантно ниво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, алармираше со ситуацијата со дрогата низ Македонија. Тој на социјалните мрежи напиша дека дрогата е распространета алармантно насекаде низ земјава, и дека МВР во следниот период ќе преземе мерки.

„Во изминатиот период во повеќе наврати говорев за достапноста на дрогата по нашите улици и градови која во последните неколку години достигна алармантно ниво.

Ветив дека МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога и во тој контекст нема да застанеме се додека и последната улица не биде исчистена од ова зло.

На оперативно ниво дадени се насоки и направени се планови за постапување кое во наредниот период ќе се интензивира. Само во овие два дена полицијата во низа оперативни акции во неколку градови приведе повеќе лица за трговија со дрога. Апсење во Чаир и Кочани, претреси на повеќе локации низ државата. Пронајдени се марихуана, бела прашкаста материја, пари, дигитални ваги. Случаите се расчистуваат и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.“, напиша Тошковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни