Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја оцени безбедносната состојба во земјата за време на новогодишната ноќ како стабилна и мирна.
Во текот на ноќта, на територијата на државата се забележани 29 кривични дела, а 33 лица биле приведени. Истовремено, биле евидентирани 28 сообраќајни незгоди, од кои три се со тешки телесни повреди.
– Генерално, од кривично-правно аспект на територија на државата се направени 29 кривични дела и приведени се 33 лица од кои 14 се поврзани со трговија со дрога на различни локации. Имало околу 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, а за среќа немавме сообраќајни несреќи со најтешки последици така што генерално можам да заклучам дека имавме мирна и стабилна безбедносна состојба на теротирија на Македонија и уште еднаш да упатам огромна благодарност до сите полициски службеници кои во текот на вечерта одговорија на висина на задачата, изјави Тошковски присуствуваше на официјалното отворање на скијачкиот центар „Михајлово“.