Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, по новинарско прашање за тоа дали ќе има проширување на истрагата и на други вработени за случајот со полицајците кои оддавале службени тајни на „Дуќанџик“, истакна дека постои обемен доказен материјал кој се анализира од страна на ОЈО-ГОКК постојат.
Како што вели, истите се прибавени од апликацијата Скај.
„Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста а поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека во иднина ќе следат поголем број на случаи коишто се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата“, вели Тошковски.